5 MАЈ – ДЕН НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

„ЈАЗИКОТ Е НАШАТА НАКОМПЛЕТНА ТАТКОВИНА“.
Нека ни е честит 5 Мај, Денот на македонската азбука и македонскиот јазик.
На денешен ден, 5 мај 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија била усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеца, Министерството за просвета го озакони првиот правопис на македонскиот јазик.
 
Одбележувањето на овој голем ден за сите Македонци без разлика во која држава во светот живеат е повик за зачувување и афирмација на македонскиот јазик и неговото кирилично писмо.
Блаже Конески кој бил истакнат македонски книжевен и културен работник, академик – прв претседател на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), филолог и професор на Филозофскиот факултет во Скопје, а и еден од кодфикаторите на македонскиот јазик во една прилика нагласил дека ,,Јазикот е нашата најкомплетна татковина”.
 
Од крајот на XVI век говорниот македонски јазик почнал да се јавува во пишана форма, иако неговата современа стандардна верзија е утврдена дури во 1945. Низ историјата македонскиот јазик се запишувал со следните писма:
• Глаголица – ранохристијанска азбука,
• Кирилица – или позната како старомакедонска азбука или црковномакедонска азбука,
• Илинденска азбука – кирилична поупоростена верзија,
• Македонска преродбеничка азбука – кирилична упоростена верзија,
• Македонска абецедарска азбука – латинична македонска азбука.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *