32 ГОДИНИ ТЕЛЕВИЗИЈА НОВА 12

БЛАГОДАРИМЕ НА ЧЕСТИТКИТЕ И ПОДДРШКАТА, ПОЧИТУВАНИ ГЛЕДАЧИ И ЧИТАТЕЛИ
 
На 8 мај 1992-ра година започна со работа првата приватна телевизиска станица во Гевгелија, и една од првите приватни телевизии во Македонија – Канал 12 која што емитираше програма на 12-ти канал .
Во 2004-та година, Канал 12 прерасна во ТВ НОВА 12 која денес е единствена локална телевизија во Општина Гевгелија
Зад овој проект стои името на Ѓорѓи Џундов, електроничар, некогашен диск џокеј, музичар и организатор на забави.
Низ оваа телевизија, со текот на годините поминале многу гевгеличанки и гевгеличани, како новинари, водители и соработници, кои со своите емисии оставиле свој неизбришлив печат како во телевизиската програма така и кај гледачите од општините Гевгелија, Богданци и Валандово.
 
 
Цели 32 години, ТВ Нова 12 е во служба на професионалниот пристап кон локалните настани и проблеми во општина Гевгелија и пошироко, докажувајки со својата работа дека на Општина Гевгелија и е потребна локална телевизија.
Од крајот на 2021 година, поради економската ситуација, високите цени на лиценците, високите пропишани казни, како и лошото менаџирање на локалните и регионални телевизии од страна на Агенцијата за аудио и аудио визуелни услуги, ТВ Нова 12 беше принудена да престане да зрачи на традиционалниот начин во медиумскиот простор.
Но, сепак, благодарејќи на современите електронски алатки, ТВ Нова 12 продолжи да емитува програма како интернет телевизија на својот веб портал tvnova12.mk, со што продолжи да ја остварува својата општествена должност да биде информатор за сите настани во Општина Гевгелија и во Југоисточниот регион.
 
Затоа, ви благодариме на досегашната ваша поддршка, почитувани гледачи и читачи, и на сите што ни го честитавте ова три децениско постоење на нашата и ваша ТВ Нова 12, со што ни дадовте уште поголем елан, и во иднина да продолжиме да работиме за Вас, овој пат и како интернет телевизиски медиум.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *