30 ГОДИНИ САМОСТОЈНА ЦАРИНСКА УПРАВА – 30 ГОДИНИ ПОСВЕТЕНОСТ

Денес, Царинската управа свечено го одбележа својот јубилеј – 30 години постоење.
На прославата присуствуваа претседателот на Владата на Република Македонија Димитар Ковачевски, министерот за финансии Фатмир Бесими, високи претставници на Владата, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, претставници на дипломатско-конзуларните претставништва, државни институции, поранешни директори на Царинската управа, претставници на деловната заедница и други соработници. Почесен гостин на свечениот настан беше Претседателот на Република Северна Македонија Стево Пендаровски.
 
„Втемелена во традиоционаните почетоци на осамостојувањето, со огромна динамика на развој, Царинската управа прерасна во вистински сервис на граѓаните, деловната заедница и државата. Денес таа е модерна, технолошки напредна служба и лидер во промените во регионот, рамо до рамо со царините на земјите во Европската Унија. Исправена пред предизвикот постојано да одржува рамнотежа на забрзување на прекуграничната трговија и истовремено да применува ефикасни мерки и контроли за заштита на здравјето, безбедноста и финасиските интереси на државата“, истакна директорката на Царинската управа м-р Славица Кутиров. Во своето обраќање, директорката се осврна на постигнатите резултати, реализираните реформи и најзначајните настани кои ги одбележаа овие триесет години.
 
Честитки за упешното триесет годишно работење упатија Генералниот секретар на Светска царинска организацијаи Кунио Микурија и директорот на Генералниот директорат за царини и оданочување на Европската комисија (DG TAXUD) Томас Герасимос, преку видео обраќање.
Со доделување на плакети со повелба, директорката на Царинската управа ја изрази својата благодарност кон соработниците и партнерите за нивната поддршка во изминатите 30 години. Плакети беа доделени на: Стопанкса комора на Република Северна Македонија, Сојузот на стопански комори на Македонија, Стопанската комора на северо – западна Македонија, Министерството за финансии, Министерството за внатрешни работи, Царината на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, Амбасадата на Соединетите Американски држави и Делегацијата на Европска Унија.
На крајот од свечениот настан, присутните имаа можност да проследат демонстрација со опремата за контроли што се користи во секојдневното царинско работење и поблиску да се запознаат со улогата на Царината за заштитата на општеството.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *