ПО ПОВОД ПРАЗНИКОТ СВЕТИ САВА И ДЕНОТ НА СРБИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА „СПОНА“ ДОДЕЛИ ПАКЕТЧИЊА НА ДЕЦАТА ОД СРПСКА НАЦИОНАЛНОСТ ВО ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Припадниците на српската заедница во земјава на 27 јануари го одбележуваат празникот Свети Сава, и денот на српската заедница во Македонија. По тој повод, вчера, во Пионерскиот дом во Гевгелија, членови на Српскиот културно информативен центар во Македонија-„Спона“, на децата од српска националност од Општина Гевгелија им подарија пригодни подароци. За животот и делото на Свети Сава, на присутните им се обрати докторката по ветеринарни науки, Драгана Радојчиќ. Таа напомена дека Свети Сава бил првиот српски архиепископ, влијателен дипломат, а СПЦ го слави како свој основач. Инку, 27 јануари е неработен ден за Србите во Македонија и синоним за српскиот народ, за се она што претставува српското духовно битие. Свети Сава е роден е како Растко Немањиќ (1174-1236), се одрекол од земската власт и се замонашил. Тогаш станал Сава.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *