Утре, сабота, 19 март 2022 година, 20 членови на АК „7-ми Ноември“ ќе земат учество на 4-от Кавадаречки Полумаратон, во сите три трки и тоа полумаратон, 10 и 5 километри.
Во полумаратон ќе настапат Валентина Узунова, Методија Ичев, Мијалчо Андоновски и Николчо Ѓорѓиев, на 10 километри ќе трчаат Ангел Арнаудов, Благојче Темелковски, Живко Петков, Ангел Делиќ, Драган Ристов, Димче Андреев, Мики Петровски, Стојан Делев, Дарко Прошевски и Ристо Чалков, додека во трката на 5 километри ќе настапат Цеца Србова, Никола Нанчев, Атанас Епов, Русимка Динева, Никола Ковачев и Тодор Анчев.
Домаќини на настанот се Општина Кавадарци и Меридијан Атлетик Еко Клуб.
Официјалниот почеток на трката е од 12:00 часот на добро познатото место во централното Градско подрачје. Патеката повторно останува онаа истата кружна, а се очекува на оваа интересна улична полумаратонска трка да се појават 260 официјално пријавени тркачи од целата држава.
За првпат во трката учество ќе земат и деца од основните училишта во градот, а за нив трката на 500 метри и 1 километар ќе започне со почеток од 11:00 часот.
Кавадаречки Полумаратон е трка која веќе прерасна во традиција и која дава нов квалитет на ниво на цела држава