16 ЈУЛИ-СВЕТСКИ ДЕН НА ВОЗЕЊЕ ВЕЛОСИПЕДИ ОСТАВЕТЕ ГО АВТОМОБИЛОТ ДОМА.ВОЗЕЊЕТО ВЕЛОСИПЕД Е НАЈУБАВАТА РАБОТА НА СВЕТОТ.

На денешен ден, 16-ти јули се одбележува Светскиот ден на велосипедизмот, па ТВ Нова 12 ви порачува да ги оставите автомобилите и да практикувате култура на возење велосипед. И тоа не само денес, туку секој ден! Придобивките се големи, а и Гевгелија е „рамна ко тепсија“.
Велосипедот не воодушевува од првото појавување во 1817 па досега едноставно затоа што возењето велосипед е најубавата работа на светот, тоа е нешто во што лудо се вљубуваш, нешто без што не можеш, нешто со што се чувствуваш најслободно на свет.
Четири причини зошто велосипедот е најубавото превозно средство:
Ја подобрува работата на срцето.
Помага при намалување на повреди.
Помага при намалување на тежината.
Се чувствувате подобро и со поголема самодоверба.
Одберете си секојдневна рута која ќе ја возите со велосипед. Докажано е дека со секојдневно и континуирано возење се лачат хормони кои ви создаваат чувство дека може да го освоите светот!
За возење велосипед не ви треба посебна дозвола, годините не се ограничување, најмалку полот или пак животниот стил или статус.
Дефинитивно, нема подобро превозно средство од велосипед, за на работа, за прошетка, за на кафе со пријателите, за на факултет… велосипедот е најдоброто нешто што може да му се случи на еден човек!
Не зависиш премногу од семафори и сообраќај, не загадуваш, а дополнително е добро за одржување фит форма, и секако здраво срце.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *