121 ГОДИНА ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА ЈОРДАН ПИПЕРКАТА

Аскерот мора да го задржиме браќа-Последниот куршум чувајте го за себе.
По негова желба бил погребан на ритчето над село Велмевци, од каде како на дланка можел да го гледа Суво Поле и Демирхисарско, регион каде што и најмногу делувал.
Нека не се надева ни Србија, ни Бугарија, ни Грција дека педа земја македонска ќе добие, зашто за нејзиното ослободување ние крвта ќе ја пролеваме, па не ја даваме на друг, е мисла на војводата Јордан Пиперката, кој е роден на 23 јуни во 1870 година во кичевското село Козица, а дејствувал најмногу во Демирхисарско.
 
Јордан Силјанов Пиперката е еден од најхрабрите и најпопуларните револуционери и војводи од времето на Илинденската епопеја, учесник на Смилевскиот конгрес во мај 1903 година и учесник во Илинденското востание. На 10 август 1903 година, во Церско Поле, Демирхисарско, паднал во заседа на турската војска, и тука, откако бил ранет, последниот куршум го испукал во себе и не се предал жив во рацете на непријателот.
Потекнува од сиромашно земјоделско-сточарско семејство. Семејното име му е Пиперкоски. Меѓутоа, тој е познат по кратенката од неговото презиме – Пиперката. Кај народот преовладува мислењето дека оваа кратенка ја добива поради физичкиот изглед (бил црвен, но и лут).
 
На денешен ден пред 121 година во близина на село Цер од заседа, загина Јордан Пиперката, еден од најголемите херои во македонската историја. Роден е во Козица. Во жарот на борбите околу слободната територија, Јордан и неговата чета наседнале на лагата дека Бахтијар Паша го запалил Цер. По цена да не се врати жив тргнал накај Цер. Сватиле дека биле опколени и започнале битка со неспоредливо побројна османлиска војска. Востаниците од Свињишта кога разбрале за опкружувањето на групата на војводата Јордан Пиперката веднаш дотрчале и припукале. Со нивна помош опкружените востаници успеале да се извлечат кон село Прострање. Таму на сред село чекале селани, но кога виделе дека меѓу четниците не бил војводата, настанала тишина. 
 
Војводата Јордан Пиперката и уште неколку востаници загинале. Ноќта неколку востаници успеале да се пробијат до местото на битката и да ги извлечат телата. Ги погребале на едно ридче над село Велмевци каде и денес почиваат. Оттаму се гледа Суво Поле. Јордан сеуште го пази. Со сите доблести и мани кои може да ги има еден човек, но со голема љубов спрема татковината и натчовечки сили, Јордан Пиперката останува врежан во сежавањето на луѓето до денешни дни, со дело што ги инспирира генерациите до денешен ден! Вечна ти слава, војводо!

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *