1010 ГОДИНИ ОД ПОРАЗОТ НА БЕЛАСИЦА НА МАКЕДОНСКАТА ВОЈСКА НА ЦАРОТ САМОИЛ

Битката на Беласица претставува решавачка битка меѓу меѓу Византија и Самуиловата држава во која била решена судбината на средновековната македонска држава. Битката се одиграла на 29 јули 1014 год.Завршила со пораз на македонската војска и со заробување на 14000 до 15000 македонски војници кои биле ослепени по наредба на византискиот император Василиј II.

Откако царот Самоил ги видел своите ослепени војници починал од срцев удар.Тоа претставувало почеток на крајот на Самоиловата држава која постоела од 969 до 1018 год. и е позната како Самоилово царство бидејќи Самоил останал единствен владетел по смртта на неговите браќа Давид, Мојсеј и Арон.Центар на самоиловата држава била Македонија со главен град најпрвин Преспа. Подоцна државата ги проширила своите граници и во нејзинот состав влегле Бугарија, делови од Грција односно Тесалија и Епир, потоа Албанија,Рашка, Дукља и Босна.Самуил бил прогласен за цар измеѓу 996 и 1000 год. од страна на папата Гргур V.
 
Починал во Преспа од срцев удар, потресен од морничавата глетка кога ги видел своите ослепени војници што му ги испратил Василиј. Бил оженет со византиската благородничка Агата од Драч, со која имал четири ќерки и син. Зачуван е неговиот натпис (992/3), во спомен на родителите и на братот Давид. и на Балканот воопшто.
Поразот кај Беласица и ослепувањето на Самоиловите војници е еден од најтемните денови во историјата на македонскиот народ.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *