ОПШТИНА ДОЈРАН НАБАВИ „БАГЕР“ НА ВОДА ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ НА ВЕГЕТАЦИЈАТА ВО И НАДВОР ОД ЕЗЕРОТО.

Општина Дојран набави амфибија ( багер на вода ), возило кое може да се движи и на земјена и на водена површина, за собирање на пластичен и зелен отпад.за расчистување на вегетација на езерото и надвор од езерото. Набавката на возилото финансиски е овозможена од Европската Унија во рамки на Проектот Интегриран систем на управување со екосистемот на Дојранското Езеро, прекугранична соработка со Република Грција.
„Согласно Планот за управување и Годишната програма за заштита на природата на Дојранското Езеро – набавивме сувоземно-пловен багер – „Амфибија“ за собирање на пластичен и зелен отпад (бујна вегетација) во Зоната на одржливо користење на Дојранско Езеро“, информираше градоначалникот Анго Ангов.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *