ПРОМОВИРАНА СТИХОЗБИРКАТА НА ИВАНКА КАРАКАБАКОВА „КОЈ ЛИ ТЕ НАРЕЧЕ СМРТНИК“, СВОЕВИДЕН МОЛИТВЕНИК ЗА ЉУБОВТА

WEB Телевизија во живо

Синоќа, во Уметничката галерија „Амам“, пред голем број почитувачи на убавиот пишан збор, се одржа промоција на првата стихозбирка на поетесата Иванка Каракабакова со наслов „Кој ли те нарече смртник“
Пред присутните, за стихозбирката, освен нејзината авторка, Иванка Каракабакова, говореа уште и Саша Јованов и Александар Каракабаков, од НУ Музеј Гевгелија, стихови читаше Петар Јанчев, врз музичката подлога на браќата Стојанчо и Мартин Кортелови.
 
За самата стихозбирка, писателот Илија Карајанов во предговорот ќе напише:
„Оваа стихозбирка на Иванка Каракабакова претставува обид да се пренесат нејзините поетски чувства и емоции кои биле запретани длабоко во неа и скаменети како слики во нејзината душа. И во оваа стихозбирка љубовта е синоним на осамата, болката, резигнацијата, немирот, но и поетовиот вознес. Поетската мисла поаѓа од мечтите и соновите и оди кон поимите за да се врати пак кон емоциите, чувствата. Понекогаш љубовта се доживува како молитва, а исто така и како проштален глас, тишина, љубовта се доживува како судбина на младите.“
 
Каракабакова е родена во Гевгелија во 1982 година, живее во Стојаково и од најраната младост се занимава со пишување на поезија. Инспирирана од внатрешниот немир, своите чувства таа се обидува да ги пренесе на хартија преку убавиот пишан збор. Сето ова резултира со оваа нејзината прва стихозбирка.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *