СТЕЛА СТЕФАНОВА ОД ООМУ „ВАСО КАРАЈАНОВ“ ОСВОИ ПРВА НАГРАДА НА НАТПРЕВАРОТ ЗА МЛАДИ ПИЈАНИСТИ ВО ВРАЊЕ, СРБИЈА

WEB Телевизија во живо

Над 50 млади пијанисти од Србија и Македонија, на 25 и 26 мај, зедоа учество на меѓународниот „Натпревар за мали пијанисти“, кој се организираше во Музичкото училиште „Стеван Мокрањац“ во Врање, Република Србија.
 
Голем успех постигна младата пијанистка од ООМУ „Васо Карајанов“ од Гевгелија, Стела Стефанова, од класата на професорот Александар Лазаров, која во 2 категорија, клавир соло, го освои првото место.
 
Инаку, Музичкото училиште „Стеван Мокрањац“ во Врање е основано во 1979 година како темел на градската музичка култура. Од 1986 година прераснува во средно училиште и образува кадар на следните катедри: пијано, виолина, хармоника, флејта, кларинет, труба, гитара и соло пеење. Од 1996 година, училиштето е организатор на „Натпреварот за мали пијанисти“.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *