ИГОР ИЛКОВ СО ЗЛАТЕН МЕДАЛ НА „МЕДЕН БАЛКАН“ ВО СКЛОП НА АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2023

WEB Телевизија во живо

На натпреварот за избор на највкусен мед “Меден Балкан” кој се одржа во склоп на Агро Саем Струмица 2023, стручната комисија во состав Ѓорѓи Андонов – Пчеларска задруга Пчелин Рај, Војислав Катранџиев – ЗП Млеч, Ѓорѓи Хаџи-Котаров – Органо-Логистик Струмица и Никица Барабановски, му додели златен медал на Игор Илков за произведениот костенов мед.
 
Инаку, АГРО САЕМ СТРУМИЦА 2023 продолжува да ја почитува локално произведената храна и да ја чува традицијата бидејќи таа е најголем доказ дека на овие простори од секогаш имало народ кој со генерации ја пренесувал убавината на животот, токму преку храната Саемот ги собра најзначајните компании во агро бизнисот и најголемите производители на храна од регионот,и тој е неизбежно место за средба на земјоделските производители од земјата и од регионот. 
 
Целта на Саемот е да го промовира домашното производство, да ја подигне свеста за домашно произведената храна и да овозможи зајакнување на соработката и довербата помеѓу сите кои се вклучени во синџирот на земјоделско производство, бидејќи храната е нашиот индетитет.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *