ВО ПРВИТЕ ШЕСТ МЕСЕЦИ СЛУЧЕНИ СЕ 72 СООБРАЌАЈНИ НЕЗГОДИ

WEB Телевизија во живо

На вчерашната седница на Советот на Општина Гевгелија беше презентирана Информацијата за безбедноста во сообраќајот на патиштата во Општина Гевгелија. Од овластениот претставник беше посочено дека во првите шест месеци од 2024 година спроведени се 256 републички, секторски локални и зајакнати контроли во сообраќајот на територијата на Општина Гевгелија.
 
Во истиот период случени се 72 сообраќајни незгоди, при што настрадале 34 лица од кои две со смртни последици. Главните причините за овие незгоди биле брзото возење, управувањето под дејство на алкохол и непочитувањето на првенството на минување.
 
Особено внимание при сообраќајните контроли се посветува на мотоциклистите кои возат без заштитна опрема или пак возат без положен возачки испит за управување со моторцикл или велосипед со мотор.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *