ВО ПИТОМАТА И СОНЧЕВА ГЕВГЕЛИЈА ПО 20 –ТИ ПАТ СЕ ОДРЖА МЕЃУНАРОДНАТА ЛИКОВНА КОЛОНИЈА „АПОЛОНИЈА 2024“

WEB Телевизија во живо

Вчеравечер на терасата на хотел „Аполонија“- Гевгелија, со завршната Изложба на ликовните дела на 11 ликовни уметници од Македонија, Грција, Србија и Турција беше означен крајот на традиционалната 20-та по ред Ликовна колонија „Аполонија 2024“.
 
Изминатите десеттина дена уметниците Ниче Василев, Гоце Божурски, Драги Хаџи-Николов, Мирјана Крстева –Массетти, Бојан Савиќ, Ѓорѓе Станиќ, Иван Гроздановски, Ифигенија Васдари, Зивер Каплан, како и гостинката Оливера Аџиќ и фотографот Рајко Р. Каришиќ, создадоа дела кои ќе ја збогатат ризницата на сликите кои продолжуваат да го живеат својот живот во просториите на хотелот „Аополонија, а Гевгеличани уште еднаш беа сведоци на ненадминливиот дел од Убавината на Творештвото.
 
Директорот на Фондацијата Аце Ристовски изјави дека уметниците, и оваа година, изработуваа дела по сопствен избор, инспирирани од гевгелиското поднебје,
„Гледајќи како од длабочините на белилото, врамено во сликарското платно, полека се раѓа потполно нов, сјаен свет на боите, на фантазијата, на магијата на човековиот допир, допирот на уметникот-творец, преку сликите на овогодишната Ликовна колонија се враќаме на чистотата на надежта што секогаш тлее во нас“
 
Величината на Творечкиот дух, присутните на изложбата , повторно ја доживееја во питомата и сончева Гевгелија, за која познатиот гевгелиски поет Илија Карајанов ќе напише:
„Сликарот кон Изворот се упатува, сончевата страна е отворена за бестрашни летови“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *