ВО БИТОЛА ОТВОРЕНА САМОСТОЈНАТА ИЗЛОЖБА НА ПЕРО КОВАНЦАЛИЕВ „ЗА ПОСЛУШНОСТА“

WEB Телевизија во живо

„За послушноста“ е насловот на изложбата од Перо Кованцалиев што беше отворена синоќа во Друштвото на ликовните уметници на Битола. Тој се претставува со дела во кои го разгледува човековото однесување на кое се должи формирањето на секое негово групирање од фамилијата до државите и без кое не би преживеела ниедна социјална структура. Изложбата ќе биде отворена до 4 август годинава.
 
Кованцалиев е роден во 1982 година во Гевгелија а живее и работи во Скопје, Република Македонија. Дипломирал и магистрирал на Факултетот за ликовни уметности, оддел вајарство во Скопје. Работи низ скулптура, уметнички инсталации и кинетика, видео и фотографија, сликарство и експериментален цртеж. Реализирал повеќе од 15 самостојни изложби и учествувал на многубројни групни претставувања. Добитник на наградата „Боро Митриќески“ за 2020 година. Член а ДЛУМ, ИКОМ, ДЛУБ, ДЛУГ, ММЦГ. Живее и работи во Скопје како самостоен ликовен уметник, скулптор, графички дизајнер, конзерватор и реставратор.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *