ВЕЧЕРВА ЗАПОЧНУВА МЕМОРИЈАЛНИОТ ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ „НИКОЛА ГЕЛЕБЕШЕВ“

WEB Телевизија во живо

Вечерва (15 јули 2024 година), започнува Меморијалниот турнир во мал фудбал „Никола Гелебешев“. И годинава, на мултифункционалното спортско игралиште кај ДТВ „Партизан“, во организација на ЗГ Навивачка група „Фантоми Север“- Гевгелија ќе бидат одиграни натпреварите во мал фудбал, во чест на гевгелиската голманска и тренерска легенда, Никола Гелебешев. 

Силите ќе си ги одмерат пријавените 27 екипи во 6 категории: Генерација 2005/2008, Генерација 2009/2010, Генерација 2011/2012, Генерација 2013/2014, Генерација 2015/2016 и Генерација 2017. Првиот ден од Турнирот ќе биде одбележан со ревијален натпревар помеѓу две екипи во состав на поранешни играчи кои биле тренирани од Никола Гелебешев, со почеток во 21:00 часот.

 А, потоа следуваат натпреварите помеѓу „Скара Бар Тире“ : „Маркет Го-Да Чонов Микро“ и „ЛПФ КАБРЕЛА“ : „Екстра Фруит“.Меморијалниот турнир е поддржан од Општина Гевгелија преку Програмата за финансирање на спортските активности во општина Гевгелија за 2024 година.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *