ПРЕТСТАВНИЦИ НА ОБЕДИНЕТАТА МАКЕДОНСКА ДИЈАСПОРА ОСТВАРИЈА СРЕДБА СО МАКЕДОНСКАТА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА ВО САД

WEB Телевизија во живо

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД), водечката организација на Македонците надвор од татковината, оствари средба со новите македонски владини претставници во Вашингтон, САД. Претседавачот на Бордот на ОМД Арги Н. Белио, ко-основачот и почесен Претседател Методија А. Колоски, Филип Јотевски, член на Бордот и членовите на Советодавниот одбор Џим Павле и Стојан Трајков, присуствуваа на средбата на 7ми јули со премиерот на Република Македонија, Христјан Мицкоски, Министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски, Министерот за Одбрана Владо Мисајловски, и Министерот за Внатрешни Работи Панче Тошковски.
 
ОМД истакна дека единствената цел на дијаспората е да ја види Македонија како просперитетна и развиена нација. Организацијата е посветена на градење посилни мостови, и зајакнување на односите помеѓу Македонија, нејзините институции, и дијаспората.
ОМД останува непоколеблива во својата мисија да ги застапува интересите на Македонија и нејзиниот народ, насекаде во светот. Оваа средба означува значаен чекор напред во зајакнувањето на врската помеѓу Македонија и нејзината дијаспора, отворајќи пат за посветла иднина за земјата.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *