ОКТА ЌЕ ДОНИРА ФОТОВОЛТАИЧНА ЦЕНТРАЛА ВО ГРАДИНКАТА „ДЕТСКА РАДОСТ“ ВО ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

До крајот на 2024 година компанијата „Окта“ ќе инсталира фотонапонски централи во градинката „Детска радост“ во општина Гевгелија, спортскиот центар „Марко Божиновски“ во општина Аеродром во Скопје, и во основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во општина Велес.
Со реализација на овие донаторски проекти, ОКТА ќе обезбеди фотоволтаични капацитети со вкупна моќност од околу 90 kW, кои значајно ќе ја задоволат вкупната годишна потрошувачка на електричната енергија на објектите.
 
„Со донациите на фотонапонските централи ја потврдуваме нашата заложба за поголема застапеност на обновливите извори на енергија и забрзување на енергетската транзиција која води до поголема енергетска независност. За нас е исклучително важно што наши партнери се јавни институции каде што најголем дел од времето поминуваат деца и младинци, со што придонесуваме кон намалување на емисиите на јаглерод диоксид, обезбедување на поодржлива иднина и помагаме во едукацијата на младите за значењето на овој процес за заедницата и за животната средина”, изјави Димитриос Пасхос, главен извршен директор во ОКТА.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *