ОДОБРЕНИ ФИНАНСИСКИ СРЕДСТВА ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ЗА УЧЕСТВО НА УЧЕНИКОТ ЈОВАН ОЏАКОВ

WEB Телевизија во живо

Од Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година, на последната седница на Советот на Општина Гевгелија се одобри финансиска поддршка за учество на ученикот Јован Оџаков од СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија на 7. Меѓународна економска олимпијада во Хонг-Конг, во Кина.

На 12.06.2024 година, во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје се одржа Втората Македонска економска олимпијада. Од 36 ученици од првата селекција, на олимпијадата се пласираа дваесет ученици кои ги измерија силите во делови од финансиска математика, финансиска писменост, економија и примена на математиката во моделирање на економски процеси.

Под менторство на професорите: Снежана Кичукова, Русица Атанасова, Сашо Папалазов, Софија Раманчева Тошева и Јасмина Папалазова од СОУ „Јосиф Јосифовски“ од Гевгелија учествуваа учениците: Катерина Удовалиева, Јован Оџаков, Трајче Панев, Дејана Василева и Михаела Костадинова.
Од оваа олимпијада од најдобрите е формиран тим кој ќе ја претставува Македонијна на Седмата меѓународна економска олимпијада, која ќе се одржи во Хонг – Конг, во периодот 22-31.07.2024.
 
Tимот оваа година го сочинуваат:
1. Миша Веселински, ученичка во трета година, ПСУ „Јахја Кемал“, Скопје
2. Сара Тошевска, ученичка во трета година, Математичко-информатичка гимназија, Скопје
3. Никола Бојчев, ученик во втора година, Математичко-информатичка гимназија, Скопје
4. Јован Оџаков, ученик во втора година, СОУ „Јосиф Јосифовски“, Гевгелија
Тимот победници во Хонг-Конг ќе го предводат: проф. д-р Анета Гацовска – Барандовска и м-р Стево Ѓоргиев од Институтот за математика при ПМФ – Скопје.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *