НА ДЕНЕШЕН ДЕН, 1542 ГОДИНА, УМРЕ ЛИЗА ЏЕРАРДИНИ (ЏОКОНДА), ИНСПИРАЦИЈАТА НА ЛЕОНАРДО ДА ВИНЧИ ДА ЈА НАСЛИКА СЛАВНАТА СЛИКА МОНА ЛИЗА

WEB Телевизија во живо

Џоконда, моделот кој го инспирираше Леонардо да Винчи за познатата слика на Мона Лиза, сместена во Лувр, чие вистинско име е Лиза Џерардини, почина на 15 јули 1542 година и беше погребана во манастирот Сант Орсоло, близу Фиренца.

Ова за прв пат го откри Џузепе Паланти, истражувач од Фиренца, кој го пронајде документот во 2007 година додека бараше информации за оваа жена во историските архиви на Фиренца, бидејќи сакаше да напише биографија за неа, која навистина живеела во Фиренца за време на ренесансата.
 
Инаку, уметниците најмногу зборуваат за таканаречената „таинствена насмевка“ на Мона Лиза, и дали таа покажува длабока тага или искрена радост? Една студија покажа како оние што ја гледаат оваа слика опишуваат цел спектар на емоции што ги гледаат – тага, радост, страв, напнатост.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *