МЛАДИТЕ ГИТАРИСТИ ОД ШКОЛАТО ЗА ГИТАРА НА КОСТАДИН ДИНЕВ ГО ПРЕТСТАВИЈА СИОТ СВОЈ ТАЛЕНТ ПРЕД МНОГУБРОЈНАТА ГЕВГЕЛИСКА ПУБЛИКА

WEB Телевизија во живо

Синоќа, платото пред Народнот театар во Гевгелија одекнуваше од звуците на младите гитаристи, кои изминатите месеци вредно вежбаа под будното око на нивниот наставник, басистот на една од најдобрите македонски рок групи-„Зијан“.
 
На својот настап пред публиката, а во рамките на Гевгелиското културно лето, со изведба на домашни и странски популарни поп и рок песни, тие ги разгалија срцата на присутните и докажаа дека трудот што го вложиле, доколку продолжат да вежбаат, ќе резултира со појава на некој нов гитарски идол на македонската музичка сцена.
 
„За мене, оваа школа беше слатко задоволство, затоа што можев да им го пренесам моето знаење на младите од Гевгелија, а знаеме дека на овие простори секогаш имало и ќе има добри музички таленти, изјави по концертот гордиот наставник, Костадин Динев.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *