КУБИК ВОДА ЗА ПИЕЊЕ ВО БОГОВИЊЕ ПЛАЌААТ ПО 7,5 ДЕНАРИ, А ВО КОЧАНИ ПО 49 ДЕНАРИ

WEB Телевизија во живо

МАКЕДОНИЈА ГОДИШНО ГУБИ 146 МИЛИОНИ КУБИЦИ ВОДА ЗА ПИЕЊЕ. СКОРО ПОЛОВИНА ОД ВОДНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА РАБОТАТ СО ФИНАНСИСКА ЗАГУБА, А КАЈ НАЈГОЛЕМ ДЕЛ ОД НИВ И ЗАГУБАТА НА ВОДА Е ПОГОЛЕМА ОД 40 %.
 
Денес,11 јули 2024 година, Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето за цените, потрошувачката и загубата на водата за пиењево земјава.Истражувањето покажа дека:
Најниска цена за потрошената вода плаќаат жителите на Боговиње, само 7,5 денари за потрошен кубик, а највисока цена плаќаат жителите на Кочани – дури 48,79 денари за кубик, што е за 6,5 пати повеќе.
Кај фирмите, најниска цена за кубик вода плаќаат потрошувачите во Желино, 13,42 денари, додека убедливо најскапа е водата за скопските фирми, дури 68,10 денари за кубик.
Најмногу вода трошат жителите на Маврово и Теарце, по 70 кубици месечно, како и на Боговиње, по 40 кубици месечно. Најмалку вода трошат домаќинствата во Старо Нагоричане, само по 2,4 кубици месечно.
 
Од големите градови, водата е најевтина во Тетово, а најскапа во Охрид. Спротивно, охриѓани трошат најмалку, а тетовчани најмногу вода месечно.
Од годишно произведените 245 милиони кубни метри вода за пиење, се губат повеќе од половина, односно 146 милиони кубни метри.
Најмногу вода за пиење во апсолутна загуба се губи во Скопје, дури 63 милиони метри кубни годишно, што е 43 % од целата загубена вода во земјава. Следат Гостивар, Тетово и Кичево.
44 % од 67-те снабдувачи со вода за пиење лани оствариле негативен финансиски резултат од работењето. Вкупната загуба на овие претпријатија изнесува 255.018.205 денари, односно 4 милиони евра.
 
Најголема загуба, од повеќе од еден милион евра има кочанското претпријатие, што е точно една четвртина од вкупните загуби на овие претпријатија. Со поголеми загуби се и водоводните претпријатија на Велес, Битола, Скопје и Струга.
Кај 72 % од претпријатијата со финансиска загуба, загубите на вода за пиење се поголеми од 40 %.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *