КОНЦЕРТ НА МАРКО ВИДЕНОВИЌ И НЕГОВИОТ „КВИНТЕТО“ НА ГЕВГЕЛИСКО КУЛТУРНО ЛЕТО

WEB Телевизија во живо

Во понеделник, на 22 јули со почеток од 20.30 часот на програмата на Гевгелиското културно лето ќе можеме да проследиме интересен ноќен концерт на Марко Виденовиќ и неговата музичка формација КВИНТЕТО. Марко Виденовиќ е една мошне интересна личност, иснтрументалист во Македонската филхармонија, композитор а воедно и поет.
 
Игор Бакревски – кларинет, Владимир Лазаревски – обоа, Кристијан Кожумановски – бас гитара, Благоја Антовски – тапани и Марко Виденовиќ – виола, клавијатури го сочинуваат Квинтето. Музиката која ја негува КВИНТЕТО е спој на повеќе правци како што се етно, џез … а на моменти и класична музика.
 
Самиот спој на инструментите, вкрстувањето на обоата и виолата, како најчесто застапени во класиката, со бас гитарата и тапаните почесто застапени во популарните жанрови и кларинетот кој е посебна приказна помеѓу сите нив, се создава една интересна мешавина од музички бои, што го прават КВИНТЕТО необичен.
Концертот е во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *