ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА ПРОЦЕСОТ НА ДОДЕЛУВАЊЕ НА Б-ИНТЕГРИРАНИ ЕКОЛОШКИ ДОЗВОЛИ ВО ОПШТИНИТЕ

WEB Телевизија во живо

Истражувањето е спроведено во: Битола, Кичево, Куманово, Неготино, Струмица, Тетово, Чаир и Штип и открива дека никој во земјава не располага со точниот податок за бројот на доделени Б-интегрирани еколошки дозволи што општините им ги издаваат на фирмите чие работење влијае врз животната средина. Според Регистарот што го води Министерството за животна средина и просторно планирање иматели на Б дозволите се 278 компании. Истражувањето открива дека дел од дозволите што ги доделиле општините не се објавени во Регистарот, додека дел од фирмите иако ги затвориле инсталациите, сè уште се евидентирани во Регистарот.
 
Поконкретно, истражувањето ги покажа следниве клучни наоди:
 
• Иако фирмите носители на Б-интегрирани еколошки дозволи треба да плаќаат надоместоци по неколку основи, сепак дури и големите општини годишно на оваа основа вкупно собираат само по неколку илјади денари. Оваа состојба отвора сомнеж дека општините не им ги пресметуваат надоместоците за поседување на Б-интегрирана дозвола на сите носители на дозволите. А, дел од фирмите не ги плаќаат редовно ниту ваквите ниски надоместоци за кои се задолжени.
• Годишните надоместоци што ги плаќаат фирмите кои поседуваат Б-интегрирана дозвола се движат од 915 денари до 22.860 денари.
• Големите разлики во приходите што ги остваруваат општините врз оваа основа, упатуваат на заклучок дека нема воедначен начин на пресметување на надоместоците за Б-интегрираните еколошки дозволи.
• Со оглед на тоа што годишните надоместоци за најголем дел од инсталациите кои поседуваат Б-интегрирана еколошка дозвола се идентични секоја година, може да се толкува дека дел од инсталациите не доставуваат ниту годишни извештаи за мерењата за загадувањето и дека нецелосно им се утврдува годишниот надоместок.
• Општините немаат пракса да ги информираат граѓаните за приходите што ги остваруваат од фирмите кои се носители на Б-интегрирани дозволи. Отсуството на транспарентност го зголемува ризикот од злоупотреби.
• Општините немаат регистри на загадувачи. Дел од нив имаат изработено т.н. катастри на загадувачи, но на ниво на индустрии, а не и на поединечни фирми.
• Секоја втора општина се соочува со недостиг на инспекциски кадар во областа на животната средина.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *