И ПОКРАЈ ДОНЕСЕНИ РАЗНИ ДОКУМЕНТИ И ПРЕЗЕМЕНИ МЕРКИ НА ДРЖАВАТА, СЕ ЗГОЛЕМУВА ОДЛИВОТ НА „МОЗОЦИ“ И НАСЕЛЕНИЕ ОД МАКЕДОНИЈА

WEB Телевизија во живо

Годишно од земјава заминуваат по 2.500 високообразовани кадри, а бројот на емигрирани лица изнесува: 269.533 (2010), 393.421 (2015) и 388.434 (2020) година покажуваат податоците на Државниот завод за ревизија кои се однесуваат на периодот од 2013 до 2021 година.
 
Според ревизорите, државата нема стратешки документ за борба против одливот на квалификувани кадри. Единствен стратешки документ кој директно го адресира проблемот на одлив на мозоци во земјава е Национална стратегија за вмрежување, соработка и намалување на одливот на високообразовани и стручни кадри 2013-2020 година но за неа не е воспоставен мониторинг на имплементацијата на мерките и активностите, а воедно усвојувањето на нови стратешки документи се врши без претходно оценување и евалуација на резултатите.
Ревизорите констатираат и разочарувачки бројки на вкупниот одлив на население од земјава. Според нивната анализа, во периодот од 2013 до 2022 година кој се потпира и на статистичките податоци, земјава ја напуштиле вкупно 7.861 лице што, според пресметките, покажува на загубени 5,15% од БДП по тој основ.
 
За да дадат пореална слика на одливот на кадри и население од земјава ревизорите се повикуваат на процените на Светската Банка, според кои речиси 40% од високообразовниот кадар ја напуштило државата и оние на Индексот на одлив на мозоци на Global Economy, според кој земјава е на високото 5 место (од 41 европска земја) со 6,4 индексни поени, што јасно покажува дека државата се соочува со голем загуба на таленти.
„Активностите на Владата како носител на политиките за управување со миграцијата не се доволно ефективни за намалување на одливот на високообразовниот кадар од државата“, се наведува во извештајот.
 
Ревизорите велат дека странските извори на податоци (од меѓународните организации/институции и од земјите на прием) овозможуваат пореална процена на обемот и структурата на емиграцијата. Како посеопфатни податоци за бројот на имигрантите/ емигрантите во одделни земји на прием/потекло може да се издвојат оние на Обединетите Нации и на Светската банка (чии нумерички вредности вообичаено се совпаѓаат).
Тие покажуваат дека вкупниот број на македонски граѓани коишто престојуваат во земјите на прием низ светот во последната деценија забележува континуиран пораст: 527.075 (2010); 562.907 (2015); 658.264 (2019) и 693.900 лица (2020 година).

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *