Д-Р АЛЕКСАНДАР КИРОВ, ДИРЕКТОР НА ОПШТА БОЛНИЦА ГЕВГЕЛИЈА:

WEB Телевизија во живо

ПРОЕКТОТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ФИЗИКАЛНА ТЕРАПИЈА ПРИ НЕГОРСКИ БАЊИ ЈА ПОМИНА ПРВАТА ФАЗА ОД ИНТЕРЕГ ИПА ПРОГРАМАТА „ГРЦИЈА-МАКЕДОНИЈА 2021-2027“
 
Деновиве до Директорот на Општата болница Гевгелија пристигна информација дека по одлуката на Мониторинг комитетот на Interreg (VI-A) ИПА CBC Програмата „Грција-Македонија 2021-2027“ од 15.07.2024 година, Предлог-проектот за делумна реконструкција на Физикалната терапија при Негорските бањи, која работи во состав на Општата болница успешно ја помина оценката во првата фаза , со препорака за потребите од втората фаза да се достават технички проект и градежната дозвола. 
 
Се очекува, додолку проектот ја помине и оваа фаза и биде одобрен од ЕУ, за реализација на овој зафат да бидат одобрени 350.000 евра преку посочената програма .
Инаку, во Општата болница со проширена дејност во тек е и опремувањето со сопствени средства на новото Одделение за стерилизација, при што се набавени апарати во вредност од 65.000 евра за стерилизација а кои се наменети за операционите сали.
 
Исто така, преку донација од компанијата „Риго Импекс Доо Скопје“ за Болницата е набавен медицински фрижидер за чување на вакцини неопходни за децата на Одделот за превентивна медицина.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *