ЦЕНТАРОТ ЗА ГРАЃАНСКИ КОМУНИКАЦИИ:

WEB Телевизија во живо

НИТУ ЕДНО МИНИСТЕРСТВО ИЛИ ОПШТИНА ВО ЗЕМЈАВА НЕМААТ ВИСОКО НИВО НА ЗАШТИТА ОД КОРУПЦИЈА ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ.
 
Ниското ниво не мора по секоја цена да значи корупција во јавните набавки на таа институција, туку дека не се преземаат сите можни мерки кои треба да ја спречат, и оттука можноста таа да се случи во овие институции е повисока.
Денес, 3 јули 2024 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави рангирањето на Владата, министерствата и општините според 32 индикатори за антикорупциските перформанси во јавните набавки.
Институциите се сместени во три зони – црвена, жолта и зелена зависно од освоените поени за начинот на којшто ги спроведуваат јавните набавки. 100 % значи максимална, а 0% никаква заштита од корупција.
 
Ниту една институција не се наоѓа во зелената зона, на висока заштита од корупција, со остварување на антикорупциските перформанси од над 80 %.
4 министерства и 43 општини се наоѓаат во црвената зона, односно нивните јавни набавки се спроведуваат со ниско ниво на заштита од корупцијата бидејќи имаат освено помалку од 50 %.
Најголема изложеност на корупција имаат Министерството за образование и наука, Министерството за внатрешни работи, Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.
 
Кај општините, најниско ниво на остварување на антикорупциските перформанси во јавните набавки е утврденo кај Кратово и Гостивар. Во црвената зона е и Градот Скопје, како и 40 други општини.
Најдобри перформанси кај министерствата имаат Министерството за одбрана и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со ниво на остварување на антикорупциските перформанси од 72 %. Кај општините, најдобри антикорупциски перформанси во јавните набавки има Општина Кавадарци, со 70 %, како и Велес и Пробиштип, со 66 %.
 
Рангирањето е изработено во рамките на програмата „Граѓаните против корупцијата“, поддржана од УСАИД. За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *