ЗА МНОГУ ГОДИНИ СПАСОВДЕН- КРУНА И ЗАШТИТНИК НА ГЕВГЕЛИЈА. ХРИСТОС СЕ ВОЗНЕСЕ! НАВИСТИНА СЕ ВОЗНЕСЕ !

WEB Телевизија во живо

Денес,во манастирската црква Свети Спас се отслужи Светата Архиерејска Литургија по повод празникот Вознесение Христово- Спасовден, со којашто чиноначалствуваше Неговото Високо Преосвештенство, Митрополитот Повардарски г-дин Агатангел, а во сослужение со Митрополитот Европски г- дин Пимен и Митрополитот Тетовско-повардарски, г-дин Јосиф.
На овој чин присуствуваше и градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов.
Честитајќи го овој светол христијански ден, овој голем празник на Гевгелија, г-дин Агатангел истакна дека откако заврши божествената литургија, и откако лебот се претвори во телото Христово, а виното во крвта Исусова, импорача на сите присутни да заминат во своите домови и да ја поделата радоста на Христовото вознесение со своите најмили.
 
Нека овој ден, рече Агатангел, донесе здравје, мир и спокој во секој христијански дом.
Празникот на Христовото вознесение- Спасовден се празнува 40 дена по Велигден и секогаш е во четврток. Четириесет дена по Воскресението, Спасителот го остварува она што го вети од почетокот. Се врати при Својот Отец за да Го испрати при учениците Духот на Вистината. Оттогаш Христос седи од десната страна на Отецот. Одењето кај Отецот е чин јавен: се случува пред очите на апостолите. Христос се подига во воздухот и облак Го подзема носејќи Го на небото.
 
Во Гевгелиско пак, се верувало дека Свети Спас е тежок празник и аталија, дека тој може да спаси, но и да казни. Луѓето што одгледувале свилена буба на овој ден береле шума и кога ќе дојдело времето на свилената буба да и се дава шума најпрвин ја давале шумата набрана на овој ден.
Свети Спасе зелен класе! Свети Спасе коња кове, коња кове за полето, да си иде ју полето, да си види берикето, арен ли е, добар ли е, или си е како што е? Море мале, стара мале, есеното са класуе, пролетното са никнуе. Љутен ојде смешен дојде, свети Спасе зелен класе!

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *