ВОЗБУДЛИВ ПИЈАНО РЕЦИТАЛ НА ЗОРАН ПЕХЧЕВСКИ ВО ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

Во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, синоќа пред љубителите на сериозната музика со Пијано рецитал настапи Зоран Пехчевски “. Во хотелот „Аполонија“- Гевгелија, тој отсвири варијации од: Моцарт, Менделсон, Брамс, Пуланк и Капустин.
На оние кои ја познаваат македонската рок музиката, Пехчевски, кој има гевгелиски корени, им е добро познат како клавијатурист на една од најдобрите рок групи во минатото, групата „Конкорд“.
 
Инаку, м-р Зоран Пехчевски е роден на 22.11.1961 година во Скопје. Основното и средното музичко образование ги добил во МБУЦ „Илија Николовски- Луј“ во Скопје, во класата на професор Гордана Бачовска, а класичното образование во Гимназијата „Орце Николов” во родниот град. Во 1987 год., дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, во класата на проф. Бранко Цветковиќ.
Во 1987 година, се вработил како наставник по пијано во МБУЦ, каде се стекнал со солидно педагошко искуство. Во 1991, година се запишал на постдипломски студии по пијано под менторство на проф.Борис Романов.
Постдипломските студии ги завршил успешно, со оценка 10 и се стекнал со звањето магистер по пијано.
 
Пијанистичкиот израз Зоран Пехчевски го усовршувал земајќи активно учество на бројни меѓународни семинари и мајсторски школи кои, под раководство на проф. Борис Романов, се одржувале во Скопје, Охрид и Пловдив – Бугарија.
Во 2006 година, е избран за наставник по пијано во звањето вонреден професор. Концертната активност е пред се поврзана со потребите и дејствувањето во рамките на Факултетот за музичка уметност, а како успешни се забележани неговите настапи, солистички (серија рецитали во повеќе градови низ Р. Македонија, 1994 год.) и ансамбли (Интерфест, 1995 год.).
Имал повеќегодишна соработка со Симон Трпчески на многубројни настапи на концерти, кои наидувале на одличен прием кај публиката.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *