ВИКЕНДОВ КАНОНИЗАЦИЈА НА ПРЕПОДОБНОМАЧЕНИЧКА СТЕФАНИДА БИТОЛСКО-СКАДАРСКА

WEB Телевизија во живо

Во манастирот „Св. Јован Претеча“ во Слепче, Демир Хисар и во соборниот храм „Св. Вмч. Димитриј“ во Битола, викендов со свечени богослужби ќе биде канонизирана преподобномаченичката Стефанида Битолско-Скадарска.
Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, на својата редовна седница во работен состав, одржана на 11 април 2024 година, по предлог на Синодската комисијата за канонизирање на светии, донесе одлука да ја вброи преподобно-маченичката Стефанида Битолска во диптихот на светителите и исповедниците.
 
Преподобната Стефанида Скадарско, Дечанско и Битолска (со крстено име Стевка Ѓурѓевиќ) родена е 1887 година на територијата на современа Албанија, во селото Врака кај градот Скадар во просто благочестиво селско семејство. Според податоците собрани од владиката Амфилохије, Стевка воопшто не одела на училиште, сама или со помош на роднините научила да чита и пишува, а потоа, како што сведочат нејзините писма, го читала и Светото писмо и духовна литература. Од детството се одликуваше со трудољубивост и сочувство. На седум години како да и се случило нешто: станала премногу сериозна за нејзините години, молчела, престанала да си игра со други деца. Родителите загрижени за својата ќерка ја однеле во манастирот Острог, А за младата Стевка немаше поголема радост од доаѓањето во Острог или во манастирот Дајбабе. Таа со часови се молела на моштите на светците кои таму почивале, не забележувајќи ништо и никој околу неа.
 
Светата Стефанида му ја предаде својата душа на Господа, на Велики петок, на 1/14 април во 1944 година. Во летото 1998 година во Крстоарски манастир, на место до храмот на Светиот Христифор, од каде што повеќепати се ширеше благоухание, сестринството чудесно ги пронајде нејзините свети мошти. Во октомври 2019 година, со благослов на Високопреосветениот митрополит преспанско-пелагониски г. Петар, моштите на Светата преподобномаченичка Стефанида беа пренесени во Слепченскиот женски манастир посветен на Свети Јован Претеча, каде што свечено беа положени во кивот и до денес изливаат телесни и душевни исцеленија на сите оние што со вера ѝ пристапуваат.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *