УТРЕ, ПОНЕДЕЛНИК, 10 ЈУНИ, ВО СКОПЈЕ СВЕЧЕНО ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБАТА „Д-Р АЛЕКСАНДАР СИНГЕР, НАРОДЕН ЛЕКАР“

WEB Телевизија во живо

Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во Македонија, , утре, понеделник, 10 јуни 2024 година , во 19 часот, свечено ќе биде отворена изложбата „Д-р Александар Сингер, народен лекар“.
Организаторот, Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, изложбата на фотографии и предмети на легендата на гевгелиското здравство, д-р Сингер, ја има поделено во четири програмски целини, Биографија, Потстанар, Работа и Шах, преку кои на еден уникатен начин на посетителите ќе им го доближи ликот и делото на втемелувачот на модерното здравство во Гевгелија.
 
Нема постар гевгеличанец кој не го памети др. Александар Сингер. Епитетот доајен го заслужил зошто ги поставил темелите на модерното здравство во Гевгелија, а легенда зошто со своите дела на лекар,човек и хуманист се издигнал над сите други, по што ќе биде запаметен од повеќе генерации во сите населени места на овој гевгелиско-валандовски регион. Луѓето го паметата др. Сингер зошто тој целиот свој живот го посветил на својот лекарски повик, бдеејќи над животот и здравјето на своите сограѓани. Иако не бил роден гевгеличанец, со своето полувековно живеење во Гевгелија луѓето го прифатиле како свој сограѓанин.
 
Доктор Александар Сингер пет децении живееше во Гевгелија. Пристигна во 1946 година, избегнувајќи ја гасната комора во логорот Ворхорст, каде беше заробен како Евреин цели четири години. Педесет години со своето лекарско знаење и искуство безрезервно им помагаше на жителите на југот од земјата, деноноќно, по секакви временски услови, со запрежна кола, на магаре или велосипед, но и го афирмираше градот, иако не му беше роден. Во 1955 година купувајќи серум со сопствени пари ги спаси сите 100 заболени деца во селата Петрово и Габрово. „Народниот лекар“ кој ја искорени маларијата во гевгелиско валандовскиот крај, втемелувач на Медицинскиот центар во Гевгелија, основач на Интерното одделение, создавач на шаховскиот клуб „7 Ноември“ и пријател со југословенските и светски велемајстори кои ги донесол во Гевгелија.
 
Се до 1963 живеел во куќата на трговецот Васил Јанев, таткото на академскиот вајар Јордан Јанев. „Толку се зближивме, подоцна, во интервју за „Вечер“, ќе каже Јанев, што двете мои деца, синот и ќерката Александар и Корнелија, ги носат имињата на докторот и неговата мајка. Кога замина на операција на жолчката во Загреб, многу беше исплашен, ми кажува Јанев, и во писмото што го испратил тогаш до неговиот другар Душко Колев напишал, „Ако умрам, да знаеш, сакам да ме погребате во Гевгелија“. Ете, потенцира Јанев, колку Сингер ја сакаше „својата Гевгелија“.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *