УБАВ НАСТАП НА ДВЕТЕ ФУДБАЛСКИ ЕКИПИ НА „КОЖУФ“, ГЕНЕРАЦИЈА 2011/2012 И ГЕНЕРАЦИЈА 2013/2014 НА СИЛЕН ТУРНИР ВО ГРЦИЈА

WEB Телевизија во живо

Генерација 2013/14 ФК Кожув на меѓународниот турнир во Катерини од вкупно 48 екипи во оваа категорија стигнаа до 1/4 финале каде што единствениот изгубен натпревар беше на пенали од домашната екипа која заврши на второто место. Првото место во оваа категорија го освои екипата на ПАОК.. Младата екипа на „Кожуф“ „ на вкупно 11 одиграни натпревари постигнаа 23 голови а примија само 2. Играа со екипи од Кипар и Бугарија (Национал Софија). Тренер на генерацијата 2013/14 е Цуклев Ангел,а екипата играше во состав:
Димитров Кристијан Цуклев Илија Панајоту Тео Шаренкови Марко Ушинов Горан Бојков Саше Велевски Филип Папучиев Ѓорѓе Петровски Матеј Делев Андреј.
 
На турнирот исто така настапија и играчите на „Кожуф“ генерација 2011 и 2012 кои ги водеше тренерот Трајче Ников, играа против Лидс Јунајтед, АЕК, Депортиво ЛаКоруња, Црвена Звезда. „Кожуф“ извојува победа над екипата на Лидс Јунајтед со резултат од 1:0, екипа која потоа станаа шампиони.Така, во силната меѓународна конкуренција тие се пласираа на 9-то место на „Elite Youth Tournament“ што се одржа воградот Катерини,Грција. Играчите кои го освоија ова одлично место се:
Душан Петров,Филип Лазаров,Стефан Петровски,Костантин Танчевски,Јован Проданов,Мартин Димитров,Леонид Стоев,Михаил Каспаров,Антонио Митров,Ѓорѓи Петров,Ристе Андреев,Виктор Митренцев,Иван Чавдаров,Јован Карагонов.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *