СО ПРЕКРАСЕН КОНЦЕРТ НА „ПОЛИФОНИЈА СТРИНГС“ ОТВОРЕНО ГЕВГЕЛИСКОТО КУЛТУРНО ЛЕТО

WEB Телевизија во живо

Синоќа, на платото пред Народниот театар, под ведро небо, голем број љубители на музиката имаа исклучителна можност да уживаат во изведбата на мандолинскиот оркестар „Полифонија Стрингс“ од населеното место Јосифово, Валандовско. Овој оркестар на публиката и приреди исклучително музичко доживување, изведувајќи ги делата: Суита 17 од Богдан Шиндилоски, Руковет 10, сплет на народни песни во аранжман на Стеван Мокрањац, Петровка од Раденко Костадинов, народната песна Сербез Донка во аранжман на Драган Вељковиќ, Либертанго на Астор Пиацола и тема од „Игра на троновите“ на Раман Џавади.
 
Мотивацијата и ентузијазмот на членовите на овој оркестар се насочени кон продолжување, проширување и унапредување на музичката култура и наобразба на неформален начин на локално и пошироко ниво.
И оваа година во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија и ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија, ќе бидат организирани голем број настани во рамките на овогосдишното Гевгелиското културно лето.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *