СО „ГЕВГЕЛИСУВАЈНЕ“ СТЕФЧО СТЕФАНОВ „БЕЉАТА“ КОЈА ЈА НАПРАВИ СО „ГЕВГЕЛЕКСИКОНОТ“ И „АЈ ШО ЛАФИШ“ ЈА ЗАОКРУЖИ ТРИЛОГИЈАТА

WEB Телевизија во живо

Во рамките на Гевгелиското културно лето, во организација на Библиотека „Гоце Делчев“ од Гевгелија синоќа, на платото пред Народниот театар се одржа промоцијата на шестата по ред книга „Гевгелисувајне“ на авторот Стефчо Стефанов, една од најинтересните книжевни појави не само во Гевгелија туку и во Македонија.
 
Гевгеличани, кои дел од вчерашната пријатна вечер ја „жртвуваа“,и наместо да се разладат во некое кафуле, или во прошетка, решија да седнат на поставените столчиња пред Тетатрот, не зажалија никако. Меѓу нив бев и јас, нормално , како ревносен евидентичар пред се на културно-историските актуелни гевгелиски збиднувања. Присуствувавме, сите ние присутни, на една несекојдневна авто-промоција, која може да ја направи само „аџамијата“ Стефчо, со сесрдна помош на уште еден урбан гевгелиски лик, Дејан Малзарков, кој овој пат беше задолжен за „лаф маабет провокаторот“ Џоче.
 
На лице место дознавме што означува глаголот Гевгелисувајне и она што е уште поважно, и во исто време почудно, дека пустоат многу Гивгилии.
Инаку, станува збор за книга со околу стотина кратки раскази, односно препораки како да се доживее Гевгелија.
Книгата „Гевгелисувајне“ е шеста по ред објавена книга на Стефчо Стефанов, гевгелискиот Марко Цепенков, како што еднаш го нарече Јован Костов, асистент по информатичка лингвистика на Универзитетот Сорбона, во Париз, а по повод излегувањето на „Гевгелексикон“. Ова „книжуле “ излезе пред 10 години во издание на Арт Еквилибриум и, верувале тоа или не, е најпродавана книга до денес од роднокрајното издаваштво на градот Гевгелија.
 
Пишува, настапува и објавува свои стихови, често потпишувајќи се како Аџамијата. Првата книга –новелата „Сакам да ти кажам нешто, – Слушам. Чекај само да земам чаши драг лустеру ја објавува во 2008 година, а лани 2023 излезе неговата хаику поетска книга-„Љубовно аздисано хаику“.
А вие, драги гевгеличани, кои не бевте на промоцијата, земете си го ова книжуле, кое може да си го носите во џебот, и секогаш кога не ви е нешто потаман, извадете го од џебот, прочитајте некоја од стоте приказни поместени во книгата и веднаш ќе ви стане топло при срцето. (не само од сонцето)

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *