„ОСВЕТЛУВАЊЕ, ОСВЕСТУВАЊЕ, ОТКРИВАЊЕ, ОСЛОБОДУВАЊЕ“, САМОСТОЈНА ИЗЛОЖБА НА ИВОНА ВЕЛКОВСКА

WEB Телевизија во живо

„Осветлување, освестување, откривање, ослободување…“ е насловот на самостојната изложба на Ивона Велковска, која ќе биде отворена утре, понеделник, 1 јули 2024 година во Уметничката галерија „Амам“ во Гевгелија.
 
Самата авторка посочува дека сликите се дел од повеќегодишен истражувачки процес, кој можеме да го разгледуваме и како вид дневник на визуелни записи на едно духовно истражување, патување, проникнување, разоткривање и манифестирање на различни нивоа на нашата свест и нашето постоење.
„Сликите произлезени од внатрешниот свет се трансформирани во апстрактен ликовен израз, кои носат ликовна универзалност, преку која го откриваме и оној дел од нас кој е секогаш безграничен, слободен, а кој во сегашното постоење и живеење изобилува со различни наметнати ограничувања, блокади, притисоци што ги доживуваме на сите нивоа: физичко, емоционално, егзистенцијално, енергетско, интелектуално, духовно…“, вели авторката Ивона Велковска.
 
Ивона Велковска дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во 1999 година, во класата на проф. Рубенс Корубин. Како ликовен педагог и професорка во средното образование, таа учествува во бројни државни и меѓународни проекти, изложби и манифестации во Република Северна Македонија и странство. Нејзините дела се дел од бројни домашни и странски каталози и приватни колекции.
Досега Ивона Велковска има реализирано пет самостојни изложби. Од 2008 година, таа е активен член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ), а во 2015 година е добитник на наградата за минијатура од НЛБ на „МиниАртура“. Таа е учесник на повеќе од 80 групни изложби во Република Северна Македонија и во странство.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *