ОСВЕТЕНА ЦРКВАТА „СВЕТИ ДИМИТРИЈ СОЛУНСКИ“ ВО НОВО КОНСКО

WEB Телевизија во живо

На 02 јуни, 2024 година се изврши осветување на новоизградена црква, посветена на светиот великомаченик Димитриј, во селото Ново Конско, покрај Гевгелија. Чинот на осветување го изврши Митрополитот Повардарски г. Агатангел, во сослужение на свештенство на Повардарската епархија.
Ако Господ не ја изѕида куќата, залудно ќе се трудат градителите нејзини. (Пс. 126, 1).
Вака вели псалмопевецот, а ова се однесува на секој храм, како и на овој што денес го осветивме со Божјата благодат, преку Призивот на Светиот Дух во чинот на осветувањето, кога заеднички, сите се помоливме Господ да го испрати Својот свет благослов од Небесата.
Нека е честито, и од Бога благословено осветувањето на овој Божји храм.
 
По молитвите на Свети Димитриј Солунски, Господ да ни даде сили достојно да го славиме и почитуваме неговиот спомен, и да се подвизуваме во овој свет храм.
Митрополит Повардарски г. Агатангел
На 02-ри јуни 2024-то лето Господово.
Ново Конско – Гевгелија.
Македонија.
Свети Димитрија Солунски е прочуен македонски маченик и светец од Солун, во почетокот на IV век. Во средновековието станал еден од најславните „воени“ светители, и често се поврзува со Св. Георгиј. Неговиот ден се празнува на 8 ноември (26 октомври по стариот календар), и уште е познат како Митровден.
По осветувањето на црквата, беше отслужена и Света Божествена Литургија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *