ОДРЖАНА ЈУБИЛЕЈНАТА 15. МЕЃУНАРОДНА „ТУРИСТИЧКО-ГАСТРОНОМСКА ИЗЛОЖБА НА АЛТЕРНАТИВНИ ФОРМИ ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИЗМОТ“ ВО ГЕВГЕЛИЈА

WEB Телевизија во живо

На 13.06.2024 година Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет “Гоце Делчев” – Штип по 15. пат ја одржа јубилејната и самостојна, традиционалнаи меѓународна “Туристичко – гастрономска изложба на алтернативни форми за развој на туризмот” во хотел “Аполонија“, спонзор домаќин со огромната поддршка на генералната менаџерка, г-ѓа Зорица Маркова.
 
Изложбата ја отвори деканката на Факултет за туризам и бизнис логистика, проф. д-р Татјана Бошков, која ја нагласи важноста од организација на вакви манифестации за креирање на туристичко-гастрономската понуда на Гевгелија и Македонија воопшто, преку активно вклучување на студентите, вклучувањето на повеќе од 30 угостителски ентитети од Гевгелија и Југоисточниот регион, и надвор од границите на Македонија, бидејќи гастрономијата сама по себе обезбедува пат за поврзување – со луѓето, со наследството и со местата.
 
Во рамките на гастрономската изложба обраќања имаа продеканката за настава, проф.д-р Наташа Митева, раководителот на катедра Туризам, проф.д-р Дужица Попова, претходниот декан на ФТБЛ, проф. д-р Никола В. Димитров, магистрант и член на Наставно-научниот совет на ФТБЛ, г-ѓа Ружица Николова, заменик градоначалник на Гевгелија, г-дин Сашко Стојилковски и директорот на ЦРЈПР, г-дин Ѓоко Камчев.
 
Во рамките на изложбата за првпат се приклучија 25 хотелско – угостителски ентитети и винарии од Југоисточниот регион, Макеодонија и Србија со храна и вина. Меѓу гостите беа и учениците од средното училиште кои од страна на продеканот проф.д-р Митева беа запознати со активностите и програмите на ФТБЛ. Традиционално се отвори со настапите на Ансамбл “Бојмија” и танцовото студио “Мистик”.
 
За прв пат овој настан, освен со етно изложба од ОУ „Владо Кантарџиев“, беше збогатен со изложба на етно слики од Универзитетскиот Ансамбл Македонија, како резултат од бројни проекти под водство на проф. д-р Владимир Јаневски.
Деканката Татјана Бошков додели благодарници на сите заслужни учесници за организирање на овој настан кои заеднички придонесоа да се презентира традиционална храна подготвена на модерен начин, бизнис-идеја за развој на културниот туризам или друг вид туризам, презентација на стари предмети, традиционални носии од регионот, со цел поттикнување на развојот на специфичните форми за развој на туризмот во нашата земја.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *