НА ДЕНЕШЕН ДЕН ЗАПОЧНА БОМБАРДИРАЊЕТО СО НАПАЛМ БОМБИ НА ЦЕЛИ СЕЛА И НАСЕЛБИ НА МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

WEB Телевизија во живо

Оваа година се одбележува 76 – годишнина од егзодусот на Македонците во Егејска Македонија, денешна Грција, територија која многумина ја сметаат за окупирана. На денешен ден, со авиони на Британското воено воздухопловство, започна бомбардирањето на цели села и населби на Македонци со напалм, што ги натера Егејците да ги напуштат своите вековни огништа.

„Тешкотиите при патувањето по студено време оставија видливи траги на децата. И по доаѓањето во Битола, нашите деца силно плачеа, исто како и во текот на целиот пат. Поголемиот број од нив повраќаа, на нас – жените од носење ни се отсекоа рацете и вратот, и лрамената и имавме темни модринки по грбот и градите. Децата беа вошливи и валкани, затоа што не беа измиени цел пат, а патот беше долг над 100 километри и траеше осум дена. Очите им беа крвави, а од облека имаа само искинати работи, раскажува “мајката” Лена Сулевска.“
„Откорнати, прогонети, раселени, погубени, прекрстени. Кого ќе прашате и кој ќе ви каже кој сте и од каде сте?„
Во сеќавање на мојата сакана баба Евгенија, прогонета од село Попадија, Леринско, Егејска Македонија, и на нејзините деца, мајка ми Јана, и вујковците Вангел и Ристо
 
КОМУ ЗГРЕШИВМЕ – (ИМА ЕДНА СУДБИНА)
Деца бевме, кому згрешивме,
виновни што бевме без вина
толку тешко кој не проколна
животот по светот ни мина.
А плачат, плачат за нас планините
сенките под маслините,
а во нас, боли во нас и векува
рана што пече, не се лекува.
И низ светот нам насекаде
срцата ни ги отворија
само таму нема враќање
портите ни ги затворија.
Ех, колку тежат таму планините
тешки се и горчините,
на сите клета ни е судбината
исто не боли далечината!
Кај и да сме не го забораваме
детството што таму го оставивме.
Васил Пујовски

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *