МЛАДИНСКИТЕ РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИ БРАЌАТА ДИМИТАР И ТОДОР УЗУНЧЕВИ ПОТПИШАА ЗА ЕКИПАТА НА РАКОМЕТНИОТ КЛУБ „БУТЕЛ“ ОД СКОПЈЕ

WEB Телевизија во живо

Тимот на Бутел Скопје ги засили своите редови со двајца младински репрезентативци кои пристигнаа од тимот на Мулти Есенс, објавија на нивниот фејсбук профил.

Браќата Тодор и Димитар Узунчеви потекнуваат од тимот на Партизан Гевгелија, каде го започнаа својот ракометен пат, пред да се преселат во Автокоманда, каде освен за Мулти Есенс настапуваа и за Алкалоид. Тодор има 19 години и настапува на левата бековска позиција, додека Димитар има 18 години и игра на десната бековска позиција.

„Бутел е екипа што пружи шанса на млади ракометари. Ми претставува голема чест што ќе бидам дел од неа и ќе имам простор за напредување и зголемување на моето искуство,“ изјави Тодор.
„Во екипа каква што е Бутел Скопје очекувам да созреам како играч и да го зголемам моето искуство. Знам дека овој клуб им дава шанса на млади играчи и ќе имaм простор за игра“, изјави Димитар.
 
Двајцата гевгеличани се обврзаа на договор на една сезона со можност истиот да биде продолжен за уште една ако двете страни се задоволни од соработката.
Претходно екипата на Бутел ги засили своите редови со кружниот напаѓач Драган Шољиќ, левиот бек Теодор Тодески и десниот бек Мартин Петровски.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *