„МАКЕДОНСКА НАЦИЈА“: ПАЛЕЖОТ И МАСАКРОТ ВО КУКУШ И ПАЛЕЊЕТО НА 39 МАКЕДОНСКИ СЕЛА ВО МЕСЕЦ ЈУНИ 1913 ГОДИНА – ДЕЛ ОД ГРЧКИОТ ГЕНОЦИД ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ

WEB Телевизија во живо

Замисли да не можеш да говориш на мајчиниот јазик
Замисли да си присилен да го промениш своето име
Замисли никогаш да не си ги видиш родителите повторно
Замисли да бидеш разделен од своите браќа и сестри
Замисли да не можеш да го посетиш родното место
Замисли да си мачен поради она што си
Замисли гробовите на твојата фамилија да бидат уништени
Замисли црквата да ти биде запалена
Не замислувај – Ова било реалност да се биде Македонец во Грција.
 
Tеророт врз македонските семејства почнува уште пред да ја верификуваат во Букурешт окупацијата на Грција над Егејска Македонија со масовни колежи на населението и со палење на селата. Овој податок произлегува од извештаите на познатата меѓународна “Карнегиева анкетна комисија“ составена во тоа време која ги испитувала штетите од балканските војни. Според оваа комисија на 21 јуни 1913 година, грчката војска влегла во градот Кукуш, ги убила сите луѓе, повеќе старци, жени и деца, кои не можеле да избегаат од градот од страв од колежот на војската, но и оние граѓани кои ги фатиле при бегањето, а во Правиште, западно од Кавала, грчката војска убила близу 7.000 граѓани.
На 23 јуни 1913 година во селото Аканџали една грчка воена формација составена од 300 војници направила вистински масакар, колејќи во исто време 3.500 Македонци пребегани во ова село од изгорените македоснки села во Кукушката околија.
 
Меѓу 21 и 23 јуни 1913 година, грчката војска го изгоре до корен градот Кукуш, како едно од упориштата на македонското ослободително движење. Изгорени се 1.846 куќи, 612 дуќани и работни установи и шест фабрики. Покрај тоа, во периодот од 20 до 25 јуни 1913 година грчката војска изгоре до темел вкупно 39 македоснки села: Салзманово, Сеслово, Стрезово, Инџиларе, Алихоџала, Голбас, Амбаркуи, Шекерлија, Караџакадар, Алчакли, Ираклија, Граманд, Алексово, Муравци, Оршлово, Мутулово, Неманци, Постолар, Женско, Коџамарли, Белтерија, Казаново, Гаваљанци, Крецо, Михајлово, Калиново, Чугунци, Хрсово, Маловци, Врагитурц, Грбашел, Хајдарлија, Стемница, Голадаутлија. Само во четири села и тоа Драгомирци, Новоселани, Ројаново и Планица останале неизгорени по неколку куќи. На 28 јуни 1913 година во зградата на Женската гимназија во градот Серез, грчката војска заклала 200 Македонци. Меѓу 23 и 28 јуни 1913 година изгорен бил и добар дел од градот Сер. Во пожарот предизвикан од војската изгореле 4.000 куќи. Во тој период во Серско и Драмско биле целосно изгорени селата Ораховец, Баница, Горно Броди, Скрижево, Горенчик и други.
 
Во Лангадиско биле изгорени селата: Зарово, Негован, Богородица итн. Од 27 јуни до 6 јули 1913 година грчката војска ги изгорела сите квартови на Солун во кои живеело македонското население. Според податоците на комисијата во ова време во Егејска Македонија биле изгорени околу 170 села со над 17.000 куќи. Само во последните 10 дена од јуни 1913 година од Воденско и Серско биле уапсени и интернирани 180 активни борци во народноослободителното движење.
Покрај тоа, уште во текот на Втората балканска војна македонското население, со сила, под заканувања, со смрт, се вели во извештајот, било принудувано да потпишува декларации со кои се откажува од својата македонска национална свест, кои подоцна требало да им послужат на грчките власти како доказ за “грчкиот состав на населението во Егејска Македонија“, при одредувањето на нивните граници меѓу балканските држави. Егзодусот започнува веднаш по окупацијата на Егејска Македонија од страна на Грција од 10 август 1913 година кога и по сила на Букурешкиот мировен договор Македонија е разделена и грчките власти, од било каква провинција да биле, систематски работеле на уништување на македонското население и на етничко чистење на Eгејска Македонија од негрчко население. Површината на Македонија во тоа време изнесувала 66.474 km2 , но го губи егејскиот дел кој изнесува 33.953 km2 , врз кој окупација врши Грција и македонското население во тој дел изнесувало бројка од околу 326.426.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *