ИРИНА ПРОШЕВА, ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈА НА СОУ „ЈОСИФ ЈОСИФОВСКИ“:

WEB Телевизија во живо

„ПОРАКА ДО ИДНИТЕ ГЕНЕРАЦИИ, ДА ВЛОЖУВААТ ВО СЕБЕ СИ И СВОЕТО ОБРАЗОВАНИЕ, БИДЕЈЌИ КОГА НЕШТО НАВИСТИНА СЕ САКА, И УНИВЕРЗУМОТ ТИ ПОДАВА РАКА“
 
Кога се има желба и амбиции за успех, ништо не е толку тешко и недостижно. Со континуирано учење, посветеност, трудољубивост и истрајност се постигнува успех во секое поле, па така и во образованието. Тој пат кон успехот го започнав во ООУ ,,Крсте Мисирков”, а го продолжив во СОУ ,, Јосиф Јосифовски”. Благодарение на моите драги наставници и професори, со нивното знаење и поддршка, успеав да се стекнам со титулата ,,Првенец на генерација 2023/2024 “ при СОУ,,Јосиф Јосифовски” – Гевгелија. Иако подеднакво ги сакам и општествените и природните науки, сепак своето образование одлучив да го продолжам на Фармацевсткиот факултет при Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Оваа моја одлука се должи на мојата желба и љубопитност да истражувам во полето на фармацевстките и биомедицинските науки. Порака до сите идни генерации, да вложуваат во себе си и своето образование бидејќи кога нешто навистина се сака, и универзумот ти подава рака.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *