ГРСТ МЕДАЛИ ЗА АТЛЕТИЧАРИТЕ НА АК „7-МИ НОЕМВРИ“ ВО ГРЦИЈА, ИМАА ВКУПНО 12 ПОДИУМИ!

WEB Телевизија во живо

Вчера, сабота, 01.06.2024 година, се одржа третата по ред манифестација во трчање во Палио Агинери во Република Грција. Учесниците се натпреваруваа во трки на 10 километри, 3 километри и детски трки во три категории.
Гевгелиската атлетска експедиција составена од членови на АК „7-ми Ноември“ која броеше 22 члена( 12 возрасни и 10 деца) постигна одлични резултати, освојувајќи дури 12 медали.
 
Во трката на 3 километри, кај жените, прва беше Наташа Демирџиева, додека Натка Стоева го освои третото место. Во машка конкуренција, Насе Епов го освои првото место а Борче Узунов третото. Во трката на 10 километри Тодор Анчев беше втор, додека Дарко Прошевски го освои петото место.
Кај децата, прво место освоија Костадин Семенаков, Томче Петков, Ана Бегова и Максим Ангов, втоо место во своја категорија освои Божидар Цицмиловиќ, а трета беше Хана Климкарова.
 
Учесници во детска трка беа Петков Томче, Петкова Сани, Цицмиловиќ Божидар , Костадинов Живко, Семенакова Добрилка, Ангов Максим, Климкарова Хана, Бегова Ана, Чучанов Марко, Маркова Мила, Танова Матеа, Семенаков Костадин и Семенаков Горан.
На 10 километри настапија Прошевски Дарко, Анчев Тодор, Чучанов Ѓорге, Нанчев Никола и Дучков Андон, додека на 3 километри Демерџиева Наташа, Узунов Борче , Алексова Кристина, Марков Пепи, Стоева Натка и Епов Атанас.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *