ГЕВГЕЛИСКИОТ МЕШАН ХОР „ГОРТИНИЈА“ СО МОЌЕН КОНЦЕРТ ГИ ВООДУШЕВИ СТРУМИЧАНИ

WEB Телевизија во живо

Во рамките на третиот по ред фестивал на камерна музика „Strumica Classic International Festival 2024“., синоќа во црковниот храм „Св. Петнаесет Тивериополски свештеномаченици“ во Струмица, со пригодна програма настапи градскиот мешан хор Гортинија.
Под раководство на диригентот Илија Атанасов, хорот исполни дела од Хрисиќ, Де Палестрина, Брукнер, Геило, Бадев, Кедров, Мокрањац, Чајковски, Бортниански и Скаловски.
Со секоја изведба, хорот беше наградуван со аплаузи од присутните посетители, а особено одушевување предизвика изведбата на Химната за светите Кирил и Методиј на македонскиот композитор и педагог, Таки Хрисик.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *