ДУХОВДЕН, СВЕТА ТРОИЦА, ПЕДЕСЕТНИЦА

WEB Телевизија во живо

Духовден е еден од најголемите христијански православни празници. Спаѓа во 12-те најголеми, најрадосни и најсветли празници што ги празнува нашата црква. Наречен е и Педесетница, бидејќи секогаш е педесет дена по Велигден, а и настанот што му дава смисла се случил токму на еврејскиот празник Педесетница. Познат е и како Света Троица, бидејќи на едно место се јавуваат Таткото, Синот и Светиот Дух. Со слегувањето на Светиот Дух врз апостолите, тие се исполниле со љубов кон Бога и со желба да го величаат, и добија дар да зборуваат на разни јазици.
Овој чин се смета за основање на Христијанската црква. Во народното верување тој најповеќе се врзува со душите на умрените.
 
Во петокот пред Духовден се опеваат покојните, а другиот ден, во саботата, на Задушница се раздаваат даровите. На гробишта се носат храна, лепче, маслинки, сирење, кашкавал, јагоди и цреши и купените предмети кои се раздаваат на блиски. 8 недела на Духовден пред да изгрее сонцето уште во темнината ги мијат гробовите на покојните со гранки од маслинки и ореви. На тој начин симболично се мијат починатите роднини. В недела се служи во црквата голема литургија, подот во храмот е послан со лисја од ореви и маслинки.
Гевгелиското архиерејско намесништво ги известува граѓаните дека помен парастасите за вашите блиски упокоени во Господа, ќе се отслужат во Манастир “Свети Спас” – Гевгелија, денес, петок 21-ви јуни од 18:00 часот. И утре, сабота 22-ри јуни од 08:00 часот.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *