ДЕНЕС СЕ ОДБЕЛЕЖУВА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ДОНИРАЊЕТО НА КРВ

WEB Телевизија во живо

Светскиот Ден на донирањето крв секоја година се одбележува низ светот на 14 јуни. Овој датум не е случаен, бидејќи на овој ден во 1868 година се роди Карл Ландштајнер, истакнат лекар, биолог и биохемичар, кој ги пронајде крвните групи и резус-факторот на крвните групи.
 
На овој ден Општинската организација на Црвен крст Гевгелија искажува искрена благодарност, признание и почит на сите оние хумани луѓе, крводарители кои несебично и без резерва ја покажале својата хуманост дарувајќи крв, но и до екипите на Трансфузионата служба, вработените и волонтерите на Црвен крст Гевгелија и сите оние поединци, фирми, институции кои вложуваат труд, креативност и средства за поддршка и помош во реализација на големиот број на крводарителски акции кои секоја година се организираат во Општина Гевгелија.
 
Многумина наши сограѓани, некои од нив за жал веќе починати, преку крводарителските акции кои ги организира Црвениот крст од Гевгелија, давале и даваат повеќе од 50 пати од оваа драгоцена течност која е незаменлива и потребна за спасување на луѓето, особено за итните случаи и повредените.
Во оваа прилика ќе споменеме само неколкумина од нив : Драгица Дрљанова, Пепа Димкова, Анче Атанасова, Кристина Крајчева, Миле Ѓуров, Ташко Муров, Димитар Маџунков, Васе Златановиќ, Миле Штрбески…
 
Во оваа прилика сакаме да го споменеме и фактот што веднаш по катастрофалниот земјотрес во Скопје, на 26 јули 1963 година, еден автобус на доброволни дарители на крв се упатил веќе наредниот ден во разрушениот главен град на нашата Македонија и дарувале крв со што придонеле во спасување на човечки животи. Тука би ги споменале:Војо Маџунков, Данило Петровски, Ангел Стоилов, Ѓорѓе Јанкуловски, Јован Урдинов, Атанас Стојанов, Саво Опров, Илија Динов…
 
И на сите оние кои не се овде спомнати, поради ограничениот простор, им го честитаме овој ден, им посакуваме добро здравје и понатаму да бидат хумани, зошто крвта со пари не се купува.
14 јуни се одбележува секоја година со намера да се издигне светската свест за потребата од безбедна крв за трансфузија и придонесот на бесплатното крводарителство за националните здравствени системи.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *