90 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ГОЛЕМИОТ МАЈСТОР НА ЗБОРОТ ПЕТРЕ М. АНДРЕЕВСКИ

WEB Телевизија во живо

Петре М(иланов) Андреевски е роден на 25 јуни 1934 година во селото Слоештица, Демирхисарско. Основно образование завршил во родното село, а гимназија во Битола. По завршувањето на средното образование студирал на филозовскиот факултет во Скопје на групата југословенска книжевност.
Долги години работел како уредник во Македонската радиотелевизија. Од 1964 година е член на ДПМ и на Македонскиот ПЕН-центар, a од мај 2000 година член е на МАНУ. Пишувал стихови, раскази, романи, драми и филмски сценарија.
 
Романот “Пиреј“ македонската критика го прогласи за ремек-дело на македонската современа проза. „Пиреј е троскотна трева, а некои ја викаат и коштрева. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да се допре до земјата и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева. Непокорливоста на македонскиот народ е всушност објаснета преку симболиката на пирејот “
 
Збирката “Дениција“ е означено како химна на космичката љубов, химна на жената и татковината и златна книга на македонскиот модернизам.
„Кога ја љубев Дениција, како да калемев светлина на мракот, како да топев снегови фатени во движење, како да станував единствен сведок за бакнежот меѓу металот и громот“

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *