ВО СЕЌАВАЊЕ НА ДУШКО МАРКУДОВ – ЖИВОТ ПОСВЕТЕН НА ВИНАРСТВОТО

WEB Телевизија во живо

Пред четири години, во својата 88 година, почина Душко Маркудов, основачот на гевгелиската винарија „Риго Импекс“ и човекот кој даде огромен придонес во развојот на југословенската и македонска винска индустрија. Знаеше често да каже дека , кога се има визија и знаење, ниту една работа не е неостварлива. Тој, чичко Душко, заедно со своите синови, Ѓорѓи и Ристо, во секој момент беше горд со винаријата која за кратко време со квалитетот на виното, современата опрема и технологија на производство на вино се нареди меѓу првите винарии во Македонија, и стана најголем извозник на наливно вино.

Душко Маркудов е роден 1932 година во Гевгелија, каде што завршува основно образование, а школувањето го продолжува во Лозароовоштарското училиште воТетово и на Виша земјоделска школа во Струмица. Во 1950 год се вработува во Лозовиот расадник во Гевгелија, а набргу од Министерството за земјоделство е назначен за раководител на реонската општинска станица воГевгелија.��Во 1953 година продолжува со работа во Макотекс-Памучна станица во Гевгелија, а во 1955 година преминува на работа во ЗИК„Винојуг“, каде што во 1962 е назначен за технички директор на„Винојуг“, аво 1964 година и за генерален директор.

Во тој период од Меѓународната банка биле одобрени средства за изградба на централната Винарска визбаТиквеш, за чија проекција и изградба бил назначен токму Душко Маркудов. По заминувањето во пензија во 1990 година, се соочува со нов предизвик – формирањето на сопствена фирма за производство на вино „РигоИмпекс“. На почетокот заедно со своите синови Ѓорѓи и Ристо Маркудови, започнува со пласманот на откупеното вино во странство, пред се, во Германија. Но, во јуни 2000 година ја гради сопствената винарска визба во Гевгелија, со почетен капацитет од 3.5 милиони литри, кој за 14 години е зголемен на 15 милиони литри, и која станува најголем извозник на наливно вино во земјата.
 
За постигнатите резултати во стопанството, пред се, развојот на винарството во Македонија, во 2014 година Душко Маркудов ја добива Седмоноемвриската награда на општина Гевгелија, во вид на Златна плакета.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *