ФК ВАРДАРСКИ ОД БОГДАНЦИ ПО 27 ГОДИНИ ПОВТОРНО ВТОРОЛИГАШ

WEB Телевизија во живо

Спортско Богданци денеска слави. Во Богданци повторно ќе се играат второлигашки фудбалски натпревари откако ФК Вардарски во бараж натпреварот славеше со 3:2 против Кораби од Дебар.
Бојан Каракамишев, тренерот на екипата кажа дека тоа е резултат на желбата и пожртвуваноста, Богданци да добие второлигаш за што имаа и голема поддршка на трибините.
 
Да потсетиме дека тимот од Богданци играше и во првата сезона на независната МАКЕДОНСКА ПРВА ЛИГА во 1991/92 година , но по една сезона испадна и потоа се натпреваруваше во Втората фудбалска лига до 1997 година, кога се пресели во Тратата македонска фудбалска лига.
И, еве сега, по 27 години, во Богданци ќе се играат второлигашки натпревари и комшиското дерби Кожуф-Вардарски.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *