5 МАЈ- СВЕТСКИОТ ДЕН НА ПУЛМОНАЛНАТА ХИПЕРТЕНЗИЈА

WEB Телевизија во живо

„ШЕСТМИНУТНО ОДЕЊЕ ПЕШ ЗА ЕДЕН ПАЦИЕНТ ОД ОВАА БОЛЕСТ Е КАКО ТРЧАЊЕ МАРАТОН ЗА ЗДРАВ ЧОВЕК“, ВЕЛЕШЕ ЃУРЃИЦА ЌАЕВА.
 
5 мај, Светскиот ден на Пулмоналната хипертензија, во Гевгелија оваа година се одбележа на 28 април 2024 година со концерт и трчање. Организатори на овој настан беа Асоцијацијата на пулмонална хипертензија „Момент плус“, помогнати од Општина Гевгелија. Во 11:00 часот започна културно забавниот настан на плоштадот во Гевгелија, на кој учество зедоа локалните музички имиња, групите „Хитс“ и „Фониа“, како и пејачите Филип Ангов, Теда, Оливера Станковска, Марија Ичкова, Мартин Костадинов форевер, како и ансамблот „Бојмија“ и денс студиото „Мистик“.
 
Во 12:00 часот, со учество на над 90 учесници, се одржа и трката во чест на некогашната претседателката на Асоцијацијата на пулмонална хипертензија на Македонија, „Момент плус“, Ѓургица Ќаева, која пред четири години ја изгуби битката со оваа подмолна болест. Учесниците во оваа трка истрчаа 5 километри од патеката Милци до центарот на градот.
 
Инаку, во 2012 година, во Мадрид, Шпанија се одржа научен симпозиум и прва прослава на Светскиот ден на ПХ. Денот беше официјално одобрен од 22 здруженија на пациенти, 10 организации со ретки болести и осум научни здруженија. 5 мај првично беше избран за Светски ден на ПХ бидејќи тоа е годишнина од смртта на првото дете во Шпанија од пулмонална хипертензија како резултат на токсично масло од семе од репка пред повеќе од 30 години.
 
Две години потоа на 5-ти мај 2014, за првпат во Македонија, во Гевгелија, се одбележа светскиот ден на пулмонална (белодробна) хипертензија. Глобалната кампања за подигање на свеста за постоењето на оваа ретка, смртоносна болест во цела Европа е под мотото Остани без ЗДИВ (GET Breathless for Pulmonary Hypertension). За еден пациент со белодробна хипертензија секој здив е предизвик.
 
5 Мај е светскиот ден на пулмонална хипертензија ,годишен глобален настан за подигнување на свеста за пулмонална хипертензија (ПХ), тешка состојба која ги погодува белите дробови и срцето
Пулмоналната хипертензија е заболување на крвните садови на белите дробови кое се карактеризира со зголемување на притисокот во белодробните крвни садови, а може да биде предизвикана од најразлична етиологија.
 
 Идиопатската белодробна хипертензија (ИБХ) се јавува во процент од 7-10 пациенти на 1.000000 жители. Во Македонија има околу 25 дијагнози. Нејзиното лекување е поврзано со употреба на специфична терапија, а исходот најмногу зависи од правовремената дијагноза. Златен тест за дијагностицирањето на ПХ е десно срцевата катетеризација, каде се проценува белодробната реактивност на вазодилататорната терапија.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *