5 МАЈ-ДЕН НА АКУШЕРКИТЕ

WEB Телевизија во живо

По повод Меѓународната недела на сестринството, на 5 мај се одбележува Меѓународен ден на акушерките, а на 12 мај Меѓународен ден на медицинските сестри и техничари.
Здружението на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри им го честита на своите членови и на сите граѓани 5 мај, Денот на акушерката, а со тоа и започнувањето на Меѓународната недела на сестринството.
 
Акушерките се разликуваат од останатите медицински сестри. Секогаш треба да биде подготвена, да има добра вештина, знаење и потребно искуство затоа што од неа зависат здравјето на мајката и плодот, зависат два животи.
Многу е убаво чувството да бидете акушерка. Кога ќе ги прашаат медицинските сестри, што е тоа што можете да го направите за пациентите, кажуваат дека тоа е давањето живот, односно првата аспирација која ја прават на детскиот плач“
На денешнниот ден се потенцираа и проблемите со кои се соочуваат медицинските сестри, потенцирајќи дека во Македонија има недостаток на сестри.
 
„Тие се бројат пропорционално на број на жители, односно треба да бидат околу 700 сестри на 100.000 жители. Во овој момент имаме 300 до 350, во старт имаме 50% недостаток на медицинските сестри во Македонија. И тоа и понатаму ќе биде голем проблем, се отворија границите, досега имавме спорадични заминувања, но имаме сега позачестени заминувања. Акушерките многу недостигаат.

Бесплатно преземање е дозволено со задолжително цитирање на медиумот и хиперлинк до оригиналната содржина на tvnova12.mk.

За сите споделени фотографии (графики), ТВ Нова 12 има екслузивно право да ги користи или истите се превземени од социјалните медиуми, запазувајки го кодексот на "фер употреба" - корисни за општеството (ТВ НОВА 12 има за цел да информира и известува и употребата на фотографиите (графиките) е исклучливо за некомерцијални цели).
Доколку, материјата на фотографиите (графиките): навредува, нарушува углед, или негативно отсликува состојба, или не е запазено авторското право Ве молиме контактирајте не, за да соодветно реагираме!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *